Охрид во голем стил, со доминација на теренот стигна до триумф над Татабања и заслужено го крена трофејот во ЕХФ Европскиот куп, но дамка на овој историски успех става истрагата што Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) ја отвори против македонскиот тим – и тоа за расизам од навивачите на „сино-белите гладијатори“.
Ракометарот на Татабања, Баптист Даматрин, вчера јавно ги прозва охриѓани за расистички навреди во второто полувреме, по што денеска се огласи и ЕХФ, обелоденувајќи дека е отворена истрага за овој инцидент.
„Европската Ракометна Федерација е свесна за инцидентот на неделното финале меѓу Охрид и Татабања, за наводното расистичко навредување од трибините кон гостинскиот играч Баптист Даматрин.
Наш став е дека нема место за расизам во европскиот ракомет и како организација ги осудуваме сите форми на дискриминација и нетолеранција. Секоое вакво однесување кон играч, официјално лице или гледач на трибините нема да биде толерирано од наша страна. Затоа. ЕХФ одлучи да покрене истрага по обвинувањата, за да се одлучи дали ќе биде покренат аи правна постапка“, се вели во соопштението на европската куќа на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
