Официјално: Ешли Јанг потпиша договор со Интер

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и официјално е нов фудбалер на Интер. Англичанецот на „Џузепе Меаца“ пристигна за сума од 1,5 милиони евра и го продолжи трендот на играчи кои црвениот дрес го менуваат со тој на „нероаѕурите“, откако минатото лето во Милано преминаа и Лукаку и Санчез.

Јанг од 2011 беше член на Јунајтед со клубот успеа да ги освои сите титули во Англија, а на крајот од неговиот престој ја носеше и капитенската трака на клубот.

 

Се вчитува...