ОФИЦИЈАЛНО: Факундо Кампацо е нов кошаркар на Црвена Звезда

Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампазо е новото засилување на КК Црвена звезда. Искусниот 31-годишен дефанзивец од Кордоба, по деталните лекарски прегледи потпиша договор до крајот на натпреварувачката сезона 2023/2024 година и ќе претставува огромно засилување за тимот на Црвена звезда.

Поранешниот играч на Денвер Нагетс и Далас Маверикс, кој остави најголем белег играјќи за Реал Мадрид, со кој освои две Евролиги и три шампионски титули во Шпанија, Купот на Шпанија и четири Суперкупа.

Со аргентинската репрезентација ја освои титулата вицешампион на светот во Кина во 2019 година, а негов соиграч беше уште еден играч на Црвена звезда, Лука Вилдоза.

Искусниот Аргентинец веднаш ќе се приклучи на тренинзите на белградскиот тим.

 

 

Се вчитува...