Официјално: Фалкао се врати на фудбалот во Европа, ќе игра за тим од Ла Лига!

Радамел Фалкао е и официјално нов член на Рајо Валјекано. Овој трансфер беше објавен на крајот од преодниот рок, но тогаш само на време Колумбиецот го раскина договорот со Галатасарај, и ништо конкретно не се договори.

Поради ваквиот потег, Радамел беше слободен да избере нова средина, а денес потпиша за „пчелите“ од предградието на Мадрид и со тоа се врати на европската сцена.

Фалкао одбележа прекрасна ера во Ла Лига, го носеше дресот на Атлетико од 2011 до 2013 година, а потоа потпиша за Монако и неговата кариера тргна надолу. Играше на позајмица во Манчестер Јунајтед и Челси, но никогаш не ја достигна својата најдобра форма. Тој се обиде да ја врати кариерата во Галата, пристигна летото 2019 година, но сега одлучи да го напушти Истанбул и да се врати во Мадрид.

Фалкао има 35 години и неговото искуство ќе им помогне на „пчелите“ во борбата за опстанок.

 

 

 

 

Се вчитува...