Официјално: Филип Петрушев е нов играч на Анадолу Ефес

Еден од најперспективните српски кошаркари, Филип Петрушев е нов играч на Анадолу Ефес, објави актуелниот шампион на Европа. Истанбулскиот тим ја доби битката со Партизан и Филаделфија која го драфтуваше крилниот центар како 50. пик на овогодишниот драфт.

Петрушев во редовите на Ефес пристигнува по одлична сезона во АБА лигата каде беше лидер на Мега со просек од 23.6 поени и 7.6 скока по натпревар, што беше доволно за освојување на МВП наградата.

Се вчитува...