ОФИЦИЈАЛНО: Гатузо е нов тренер на Лацио!

Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на Лацио, објави денес клубот од Рим.

Гатузо (48) потпиша двегодишен договор со Лацио, и ќе го замени Маурицио Сари, кој го напушти Лацио пред еден месец, на клупата на римскиот клуб.

„Нашиот клуб со задоволство го пречекува новиот тренер, верувајќи дека неговото искуство, професионализам и решителност можат да придонесат за остварување на нашите цели“, се наведува на веб-страницата на Лацио.

Во текот на својата кариера, новиот тренер на Лацио ги водеше Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи, Фиорентина, Валенсија, Марсеј, Хајдук Сплит и италијанската репрезентација.

Лацио ја заврши сезоната на деветтото место на табелата во италијанското првенство.

Се вчитува...