Џенаро Гатузо е новиот шеф на стручниот штаб на Олимпик Марсеј откако францускиот клуб вечерва и официјално објави дека токму италијанскиот стратег е наследникот на Марселињо на „Велодром“.
Шпанецот Марселињо изненадувачки си замина по само седум натпревари на клупата на Олимпик, во игра за негов наследник беа неколку врвни стручњаци, за на крајот изборот да падне врз Гатузо, кој во тренерската кариера ги водеше Милан, Наполи и Валенсија.
„Пресреќен сум што доаѓам во клуб како Олимпик Марсеј, со извонреден стадион и атмосфера во која уживав кога доаѓав да играм како фудбалер. Со нетрпение очекувам да почнам со работа со новиот тим, за да ги исполнам предизвиците поставени пред нас“, изјави Гатузо по потписот на договорот во Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА