Официјално: Гризман се врати во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид прераснува во апсолутен фаворит за нова титула во Ла Лига откако тимот на Диего Симеоне доцна вечерва го комплетираше камекот на Антоан Гризман.

Французинот пред две лета беше продаден во Барселона за огромни 120 милиони евра, но никогаш не ја оправда скапата инвестиција на Роналд Куман. Често му замеруваа што остана во длабока сенка на Лео Меси, Гризман продолжи со бледи игри и по заминувањето на Аргентинецот. Роналд Куман даде зелено светло за негово заминување, но Барса мина лошо во преговорите со Атлетико Мадрид.

Претседателот Черезо најпрвин ја одби понудата на Лапорта за директна замена на Гризман за Жоао Феликс, а потоа и не сакаше да плати 50 милиони евра, на колку што Барселона го имаше проценето францускиот голгетер. На крајот, каталонците беа принудени да прифатат позајмица, со задолжителен откуп наредното лето за скромни 40 милиони евра.

Атлетико сега ќе има атомски напад во кој покрај Гризман се наоѓа и Луис Суарез, потоа одличниот Кореа (три гола во првите три кола од Ла Лига), португалското „чудо од дете“ Жоао Феликс и Бразилецот Куња, кој пред само неколку дена потпиша со Атлетико од редовите на Херта Берлин.

Се вчитува...