ОФИЦИЈАЛНО: Хамилтон и следната сезона ќе биде дел од Мерцедес

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и следната година ќе биде дел од Мерцедес и Формула 1 караванот, потврдија денеска од германскиот тим. И покрај големото разочарување по последната трка во Абу Даби во која во последниот круг ја загуби титулата од Макс Ферстапен, Британецот сепак одлучи и следната година да биде дел од најбрзиот циркуз во светот.

Германскиот автомобилски гигант на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од Хамилтон на која го напишаа бројот „16“ потврдувајќи дека Британецот ќе ја вози својата шеснаесетта сезона во Формула 1 циркузот.

„Година број 16“, стои на објавата на Мерцедес. 

Се вчитува...