Официјално: Ханси Флик на клупата на Баерн Минхен до 2023 година

Германскиот шампион Баерн Минхен потврди дека Ханс Флик ќе остане на чело на клубот до 2023 година. Флик во ноември минатата година го презеде баварскиот гигант, откако поради лошите резултати отказ во клубот доби хрватскиот стратег Нико Ковач.

Првично Флик требаше да го предводи тимот до крајот на сезоната, но поради одличните резултати кои ги бележи од неговото доаѓање раководството на Баерн одлучи да му даде шанса до 2023 година.

 

Се вчитува...