Официјално: И Интер се откажа од Суперлигата!

По англиските премиерлигаши и Интер официјално потврди дека нема да биде дел од новоформираната Суперлига. Цели два дена траеше новото натпреварување кое сакаа да го формираат најмоќните клубови во Европа, но на крајот се пропадна поради големиот притисок кој го имаа од јавноста.

„Интер верува дека и фудбалот како и секоја област мора да напредува во секој сегмент како би можеле да ги придобиеме сите старосни граници, но и да донесе еконосма стабилност. Со визијата која што ја имаме ние ќе продолжиме да работиме заедно со институциите како би можеле да ја обезбедиме иднинаната на спортот што го сакаме“, стои во соопштението од Интер.

 

Се вчитува...