Официјално: Игор Котевски го превзема Металург

Игор Котевски е изборот на Металург за нов предводник. Искусниот стратег на клупата ќе го наследи Иван Марковски кој пред неполн месец замина од редовите на „сино-белите“. За Котевски ова воедно значи и враќање во Автокоманда каде што претходно го предводеше Металург 2.

Котевски во својата тренерска кариера ги предводеше и Бутел Скопје, младинската екипа на Пролет и Голден Арт.

Се вчитува...