Официјално: Интер го купи Ашраф Хакими

Интер денеска го комплетираше трансферот на Ашраф Хакими, осигурувајќи го потписот на мароканскиот репрезентативец кој во последните две години со огромен успех го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Десниот бек се наметна како еден од најдобрите во европскиот фудбал како член на „милионерите“, но германскиот клуб сепак реши да не му го откупи договорот со Реал Мадрид, носејќи го Томас Муние како слободен играч од Борусија Дортмунд како негова замена. Ашраф инсистираше на позначајна улога во Реал, но со оглед на фактот дека Карвахал е еден од најстандардните кај Зинедин Зидан, „кралевите“ решија веднаш да го продадат Мароканецот.

Интерес појавија неколку премиерлигаши, но најбрзо реагираа челниците на Интер, кои за неколку дена го комплетираа трансферот. Реал ќе добие сигурни 40 милиони евра, сума што може да скокне на 45 милиони ако се активираат трите клаузули во договорот, додека Хакими според договорот со важност до 2025 година ќе има загарантирана плата од пет милиони евра, плус богати бонуси во зависност од успесите на Интер во наредниот период.

Се вчитува...