Лучијано Спалети од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Интер, откако неговиот договор со „нероаѕурите“ беше раскинат од страна на управата на клубот.
„ФК Интернационале Милано може да потврди дека Лучијано Спалети повеќе не е тренер на првата екипа. Клубот сака да му се заблагодари на Спалети за неговата работа и остварените резултати“ – се вели во краткото соопштение на „нероаѕурите“.
Спалети имаше уште две години од договорот со Интер, поради што клубот ќе треба да му исплати над 20 милиони евра на овој тренер заедно со целокупниот стручен штаб, за предвремен раскин на соработката.
Се очекува по отказот на Спалети, најдоцна до крајот на оваа седмица Интер за нов тренер да го именува поранешниот италијански селектор, Антонио Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА