Официјално: Интер се засили со Лисандро Лопез

Интер го претстави првото зимско засилување, од редовите на португалскиот првак Бенфика пристигна Лисандро Лопез. 28-годишниот дефанзивец ќе биде позајмен на италијанскиот гигант до крајот на сезоната, а потоа Интер ќе исплати осум милиони евра за целосно да го откупи договорот.

Тренерот Лучијано Спалети инсистираше на зајакнување на одбраната за време на зимскиот преоден рок, па „нероаѕурите“ добиваат искусен одбранбен играч за вториот дел од сезоната.

„Интер за мене претставува голем напредок во кариерата. Тука играле голем број на аргентински легенди како Занети, Самуел, Милито… Се надевам дека и јас барем малку ќе донесам успех на тимот како и тие. Ја следам Серија А веќе долги години и ми се допаѓа начинот на фудбал кој се негува тука. Сигурен сум дека за брзо време ќе се адаптирам и ќе дадам се од себе за оваа екипа“, истакна Лопез за официјалната веб – страница на клубот.

Аргентинскиот интернационалец во својата кариера одигра вкупно 54 натпревари за Бенфика на кои постина шест погодоци, додека четири пати го носел националниот дрес на Аргентина.

Се вчитува...