Официјално: Капитенот на ПСЖ го пропушта реваншот против Баерн

Капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос дефинитивно ќе го пропушти утрешниот реванш од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на „Паркот на принцовите“ поради повреда.

Оваа информација ја потврди тренерот на „Светците“, Маурисио Покетино, ден пред решавачкиот натпревар на неговиот тим за пласман во второто по ред полуфинале од елитното натпреварување.

За разлика од првиот натпревар пред пет дена во Минхен, Марко Верати и Алесандро Флоренци се враќаат во францускиот шампион, кои во неделата дефинитивно се опоравија од коронавирусот.

Според Покетино, Фиренцо треба да биде во почетните 11, додека во случајот со Верати, има многу поголеми шанси играта да ја започне од клупата за резервни играчи.

Дуелот помеѓу ПСЖ и Баерн се игра во вторник од 21 часот на „Паркот на принцовите“, а домаќинот има два гола предност од првиот натпревар на кој славеше со 3-2 во Минхен.

Се вчитува...