Официјално: Коларов потпиша за Интер

Интер ја заврши потрагата по нов лев бек откако потпиша договор со Александар Коларов. Српскиот репрезентативец доби црвен картон на последниот меч на својата репрезентација, веднаш потоа замина на лекарски прегледи во Милано, по што денеска и официјално потпиша договор за двогодишна соработка со „нероаѕурите“.

„Александар Коларов и официјално е нов фудбалер на Интер. Српскиот играч доаѓа со перманентен трансфер од редовите на Рома“, објави Интер на официјалната веб-страница.

Прва опција за Конте беше ангажманот на Емерсон Палмиери, но откако Челси инсистираше на отштета од 30 милиони евра за својот резервен лев бек, Интер се насочи кон Коларов, за чиј трансфер потроши само два милиони евра.

Се очекува Коларов да биде прво од неколкуте искусни засилувања што Конте ќе ги донесе во текот на летово, а следен на листата е Артуро Видал, чиј трансфер од Барселона би требало да биде комплетиран во следните 48 часа.

 

Се вчитува...