Официјално: Костиќ е нов член на Јувентус

Заврши уште една трансфер-сага што се одолговлечи веќе неколку месеци – Јувентус излезе како победник од трката по Филип Костиќ, потпишувајќи четиригодишен договор со офанзивниот лев бек на Ајнтрахт Франкфурт.

Костиќ имаше зад себе импресивна сезона во Ајнтрахт откако беше избран и за МВП во Лигата на Европа, со што го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови. Откако преговорите се одолговлекоа во трката сериозно се вклучи и Вест Хем, но Србинот ја одби понудата на „чеканите“ инсистирајќи да замине во клуб со поголеми амбиции.

Јувентус конечно ги договори деталите со Ајнтрахт, плаќајќи 13,5 милиони евра при самиот трансфер, со дополнителни три милиони врзани преку неколку различни клаузули.

Се вчитува...