Официјално: Кристијан Фабијани нов тренер на Вардар

Наследникот на Гоце Седлоски во Вардар доаѓа од Аргентина. И официјално, само два дена по освојување на титулата, новиот шампион објави дека Аргентинецот Кристијан Фабијани е нов тренер на „црвено-црните“.

42-годишниот Фабијани има играчко искуство во неколку аргентински, но и клубови од Израел и од Романија, а од 2021 година почнува тренерска кариера во Феникс де Пилар, а потоа оди во Депортиво Риестра, па во Депортиво Мерло, одново во Ристра, а во 2025 ги водел Њуелс Олд Бојс, клубот од детството на легендарниот Лионел Меси.

Како тренер нема освоено ниту една титула, додека како играч со Беитар ја освои Израелската премиер лига во 2007, и Лигата 1 на Романија во 2008 година со Клуж.

Наскоро ќе биде формиран и целокупниот стручен штаб на „црвено-црните“, а Фабијани ќе има задача да го поведе тимот кон успех во квалификациите во Лигата на шампионите, како и во следната сезона во ПМФЛ каде се очекува Вардар да атакува на одбрана на титулата.

Се вчитува...