Официјално: Лајпциг го претстави талентираниот Словенец Бенџамин Шешко (ФОТО)

Бенџамин Шешко од денеска и официјално е нов фудбалер на бундеслигашот Лајпциг. Талентираниот словенски репрезентативец со германскиот состав потпиша договор до 2028 година, но во следната сезона ќе остане дел од „сестринскиот“ клуб Салцбург како позајмен играч.

Еден од најталентираните играчи на генерацијата 2003 ова лето беше поврзуван со трансфер во неколку европски гиганти меѓу кои и Манчестер Јунајтед, но ја одби понудата на „црвените ѓаволи“. За него најдобра опција е Лајпциг каде ќе има шанса да се доразвие во врвен играч.

Се вчитува...