Официјално: Леао потпиша за Милан

Милан го официјализираше трансферот на Рафаел Алехандре да Консеисао Леао, 20-годишниот голгетер кој пристигна од Лил и денеска потпиша петгодишен договор со италијанскиот гигант.

За услугите на младиот Португалец летово се интересираа бројни клубови ширум Европа, но „росонерите“ излегоа од трката по неговите услуги, комплетирајќи го трансферо вреден 35 милиони евра. Леао важи за исклучително талентиран голгетер, кој настапуваше за сите младински селекции на Португалија. Ланската сезона тој настапи на 26 средби за Лил, притоа постигнувајќи осум погодоци.

Леао ќе го заземе местото во нападот на Патрик Кутроне, кој беше продаден за 22 милиони евра на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон.

Се вчитува...