Официјално: Легендата на Арсенал седна на клупата на лутиот ривал (ФОТО)

Патрик Виера е нов тренер на Кристал Палас откако клубот и стратегот денеска и официјално ја потврдија соработката. Французинот со сенегалско потекло во лондонскиот клуб доаѓа по две сезони поминати во Ница и се очекува да биде клучна фигура во новиот проект на клубот со кој долгогодишниот премиерлигаш ќе се обиде да избори место во Европа.

Виера е добро познат во англискиот фудал како легенда на Арсенал чиј дрес го носеше од 1996 до 2005 година. Пред тоа настапуваше во Милан и Каен, додека по заминувањето од Лондон играше за Јувентус, Интер и Манчестер Сити.

Се вчитува...