Официјално: Малдини и Бобан се враќаат во Милан

Италијанскиот гигант Милан, потврди дека се враќаат легендите на клубот Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Паоло Малидни кој веќе е дел од тимот од „Сан Сиро“ досегашната позиција спортски директор ќе ја замениа со позицијата технички директор, додека Звонимир Бобан заминува од позицијата во светската фудбалска федерација и преминува во италијанскиот Милан каде ќе биде ја преземе функцијата која му припаѓаше на Малдини.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се заблагодари на Бобан велејќи дека неговото заминување претставува голема загуба за организацијата.

„Не можам доволно да се заблагодарам на Звонимир на се што направи последните три години во ФИФА. Неговата посветеност на фудбалот е неверојатна, беше непроценливо вреден за организацијата. Никој не го познава фудбалот подобро од него и секогаш работи за доброто на спортот. Многу позитивни работи направивме во последните три години и сето тоа беше благодарејќи на Бобан. Во ФИФА ја покажа истата страст каква го красеше и во фудбалската кариера“, изјави Инфантино. 

Се вчитува...