Официјално: Марио Геце е нов играч на Ајнтрахт Франкфурт

Германскиот напаѓач Марио Геце повторно се враќа во Бундес лигата откако и официјално потпиша договор со Ајнтрахт Франкфурт.

Геце имаше одлична сезона во холандската Ердизивија поради што доби неколку интересни понуди, а тој одлучи да се врати во татковината и ќе игра за освојувачот на Лига Европа.

Договорот што го потпиша е со важност до летото 2025 година. Kлубот од Франкфурт за него ќе плати 4 милиони евра.
Геце претходно играше за Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...