Голманот Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов, потврди клубот од скопската населба.
Богдановски доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две и пол години по трансферот од Аеродром, а во овој клуб бранеше од 2022 до 2024 година. 24-годишниот голман потекнува од редовите на Металург, а низ кариерата имаше настапи и за тимовите на Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.
Од Вардар доаѓа со освоена двојна круна и повторно ќе има можност да соработува со тренерот Стојанче Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
