Официјално: Мечот со Италија одложен, новите тестови ќе бидат пресудни

Квалификацискиот натпревар за Евробаскет 2021 меѓу Македонија и Естонија што требаше да се игра денеска со почеток во 15 часот и официјално е одложен. Причина се трите позитивни тестови на коронавирус во редовите на македонскиот национален тим, на Вајли, Трајковски и Младеновски, поради што е донесена одлука се до новото тестирање на нашите кошаркари „црвено-жолтата експедиција“ да остане во карантин во хотелот во Талин.

За попладнево се закажани новата рунда тестови од страна на организаторот, по што челниците на ФИБА ќе донесат конечна одлука.

„Единствена работа што е сигурна е дека денеска нема да играме против Италија. За попладнево ни закажаа нови тестови, ќе видиме какви ќе бидат резултатите, па врз основа на тоа ќе биде донесена одлука. Ситуацијата е ужасна за нас, останавме без тројца кошаркари под рекетот, имаме само девет играчи. Логично е да настојуваме да ги одложиме овие средби. Од друга страна, Естонците видоа колку сме ослабени и инсистираат по секоја цена да ги одиграме овие натпревари, за да си го визираат пласманот на Евробаскет 2021. Ништо не се знае, ФИБА по денешното тестирање ќе ја донесе конечната одлука“, изјави Влатко Георгиевски, Генералниот секретар на КФСМ за ЕКИПА.

Се вчитува...