Официјално: Милан се раздели со Пиоли, Фонсека чека промоција

Италијански Милан утрово и официјално информираше дека ја завршува соработката со Стефано Пиоли кој ја одработи последната сезона на клупата на „миланезите“.

По завршувањето на меѓусебниот договор двете страни одлучија дека е време за разделба. Пиоли е во Милан од октомври 2019 година. Во сезоната 2021/2022 успеа на Милан да му го донесе и Скудетото на кое клубот чекаше цели 11 сезони.

Според информациите од италијанските медиуми, најголем фаворит за наследник на Пиоли на клупата на „росонерите“ е португалскиот стратег Пауло Фонсека.

Се вчитува...