Официјално: Мирослав Клосе дел од тимот на Ханси Флик

Стручниот штаб на Баерн Минхен доби големо засилување во името на Мирослав Клосе кој ќе работи како помошник на Ханси Флик. Клосе две сезони беше на чело на кадетите на Баерн Минхен, а во стручниот штаб на првиот тим ќе почне со работа од јули.

„Се радувам на новиот предизвик. Флик и јас одлично се разбираме уште од времето кога настапувавме заедно за репрезентацијата на Германија. Се надевам дека моето искуство ќе помогне во остварување на целите на тимот“, изјави Клосе. 

 

Се вчитува...