ОФИЦИЈАЛНО: Мустафи стана соиграч на Барди во Леванте

Искусниот германски интернационалец официјално е претставен за нов фудбалер на шпанскиот Леванте. Тој сезонава ќе биде соиграч на нашиот Енис Барди кој во моменто е еден од најдобрите фудбалери на својот тим.

Мустафи во Леванте доаѓа како слободен играч откако вториот дел од минатата сезона го помина во Шалке 04. Претходно од 2016 беше дел од Арсенал, а во 2014 стигна до златото на Светското првенство во Бразил со репрезентацијата на Германија.

 

 

Се вчитува...