Официјално: Нотингем Форест го назначи Гласнер за нов тренер

И официјално, Оливер Гласнер е новиот менаџер на Нотингем Форест, откако денеска беше назначен од страна на „шумарите“. Досегашниот предводник на Кристал Палас направи историја со овој тим, и се поврзуваше со гигантот Милан, но на крајот се одлучи да ја прифати понудата од Нотингем Форест и да остане во Премиерлигата.

Гласнер во минатото беше тренер и во Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт, пред да дојде во Премиерлигата. Направи историја со Кристал Палас, освојувајќи го ФА Купот во 2025 година, а оваа година се закити и со трофејот во Лигата на Конференции.

„Многу сум среќен што му се приклучувам на овој тим како тренер. Од моите први разговори со првиот човек и со раководството, видов дека имаат јасна визија за овој фудбалски клуб и верба во мене и во мојот тим дека може да направиме нешто во иднина. Гледам потенцијал во овој состав, надополнет со неколку засилувања, дека може да направи успех“, рече Гласнер по промоцијата.

Се вчитува...