Официјално: Нов бразилски талент во Реал Мадрид

Реал Мадрид ангажира млад Бразилец од Шахтјор. „Кралскиот клуб“ го искористи правилото кое го воведе ФИФА откако почна војната во Украина. ФИФА и УЕФА им дозволија на клубовите до 1. април да ангажираат играчи од руските и украинските клубови.

Нов играч на Реал е 18-годишниот Винисиус. Овиј фудбалер најдобро се снаоѓа на позицијата десен бек. До крајот на сезоната тој ќе игра за Реал Б, а од наредната сезона би требало да му се приклучи на првиот тим.

Интересно, до крајот на оваа сезона и целата наредна Винисиус ќе настапува како позајмен играч. Доколку Реал скаа да го откупи во 2023 година ќе мора на Шахтјор да му плати 18.000.000 евра.

Инаку, Шахтјор во јануарскиот преоден рок за младиот Бразилец на Интернасионал од Порто Алегре им плати 6.000.000 евра. Поради војната Винисиус не успеа да дебитира за Шахтјор.

Се вчитува...