ОФИЦИЈАЛНО: Нов договор за Араухо, клаузула од 1 милијарда евра

Стоперот на Барселона, Роналд Араухо потпиша нов четиригодишен договор со тимот на Барселона. Оној кој ќе сака да го види во своите редови овој фудбалер, ќе треба да и плати на Барса вртоглави 1 милијарда евра.

Араухо дојде во Барселона во 2018 година, и најпрво играче за Б тимот, а потоа се наметна во првиот тим на „Каталонците“, од каде во 2020 година добива шанса за настапи.

Сезонава 23-годишниот Араухо одигра 39 натпревари за тимот на Барселона. Освен како стопер, може да игра и како десен бек.

 

Се вчитува...