ОФИЦИЈАЛНО: Обрадовиќ и Мараш следната сезона дел од Татабања

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер и официјално останува уште без двајца ракометари за следната сезона. По Рение Табоада, клубот од Битола го напуштаат и младиот Матео Мараш, како и искусниот српски бек Немања Обрадовиќ кои кариерата ќе ја продолжат во унгарска Татабања.

Унгарскиот клуб денеска ги потврди трансферите на на овие двајца ракометари. Матео Мараш вели дека овој тим е идеален за неговото развивање.

„Многу сум среќен што потпишав за Татабања. Имам зацртано многу амбициозни планови и врз основа на тоа мислам дека доаѓам на совршено место што се однесува за мојот развој“, рече Мараш.

Обрадовиќ вели дека голманот  Секељи му кажал само убави зборови за клубот и унгарскиот ракомет.

„Секељи ми кажа многу позитивни работи за градот, клубот, лигата. Татабања не е далеку ниту од Србија и кога сè ќе се собере одлуката да се преселам тука не беше тешка. Мислам дека е совршено место за мене“, рече искуниот бек.

Договорени со Татабања веќе се и голманот Мартон Секели, како и најдобриот ракометар на битолчани, капитенот Јосип Периќ, a официјализацијата се очекува во следниот период.

Се вчитува...