Официјално откажан Супер-глоуб

Неофицијалното светско клупско првенство во ракомет, популарниот Супер-глоуб годинава нема да се одржи откако клубовите и официјално биле известени дека натпреварувањето е откажано.

Причината е добро позната, коронавирусот поради кој не може да се гарантира здравјето и безбедноста на учесниците. Турнирот веќе еднаш беше одложен и презакажеан за 6-10 октомври, кога најдобрите тимови од сите континенти требаше да се сретнат во Саудиска Арабија.

Сепак, епидемиолошката состојба од ден на ден се влошува во голем број од земјите ширум светот, поради што е донесена одлука за откажување на натпреварувањето. Информацијата први ја објавија челниците на Барселона, откривајќи дека веќе добиле информација од ИХФ да не планираат патување за Саудиска Арабија, воедно и дека Барса има автоматско учество на Супер-Глоуб 2021.

Се вчитува...