Официјално отворен ЕХФ Шампионатот за ракометарки до 17 години

 

Денеска и свечено беше отворен ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години, што ќе се одржува од 31 јули до 6 август во Скопје. На официјалното отворање кое се одржа во Спортскиот рекреативен центар “Кале” се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. Тој ги поздрави претставниците на Европската Ракометна Федерација и Ракометната федерација на Македонија, за организацијата на овој значаен спортски настан.

„Упатувам многу среќа до сите репрезентации, до ракометарките и стручните тимови. Овие денови, Македонија е центар на младите женски таленти во ракомет кои се иднината на овој спорт во Европа. Ракометот е спорт број 1 во Македонија. Со поддршка и меѓусебна соработка ќе продолжиме да инвестираме во ракометот, со цел уште подобри резултати“- потенцираше Каевски.

Македонија е дел од групата А заедно со селекциите на Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Прв противник на нашиот национален тим ќе биде Грција, утре со почеток во 17 часот.

Во Групата Б се натпреваруваат селекциите на Словенија, Бугарија, Исланд, Израел и Косово.

Се вчитува...