ОФИЦИЈАЛНО: Палмарсон три години во Алборг

Алборг продолжува со формирање на тимот кој ќе треба во следните години да ја покори ракометна Европа. Данскиот тим денеска го престави исландскиот интернационалец Арон Палмарсон кој од јуни и официјално ќе биде нивни член.

Тој потпиша три годишен договор со кој се обврза на верност на Алборг до 2024 година. Како што е познато од претходно од сезоната 2022/2023 дел од клубот ќе биде и најдобриот ракометар на денешницата, Микел Хансен, а од данскиот тим планираат тука да не застанат и да продолжат со засилувања за напад на титулата во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...