Официјално: Партизан донесе засилување од Реал Мадрид

Тристан Вукчевиќ е нов кошаркар на Партизан откако белградскиот клуб успеа да го договори неговиот трансфер од редовите на Реал Мадрид. Големата надеж на европската кошарка со „црно-белите“ потпиша повеќегодишен договор и се очекува да биде еден од главните адути на Обрадовиќ за атак на Еврокупот и АБА лигата.

Двестаитринаесет сантиметри високиот Вукчевиќ подолго време настапуваше за Реал Мадрид, а „собра“ и евролигашко искуство.

Се вчитува...