Официјално: Педро три години во Рома

Рома денеска го официјализираше трансферот на Педро Родригез, потпишувајќи тригодишен договор со шпанскиот интернационалец. Овој 33-годишен крилен офанзивец пристигнува во Рим како слободен играч од редовите на Челси, по истекот на договорот со лондонскиот премиерлигаш.

„Среќен сум што доаѓам во Рома. Возбуден сум поради новите предизвици пред мене и се надевам дека ќе возвратам на укажаната доверба“, изјави Педро по потписот на договорот со Рома.

Педро пред Челси го има носено само дресот на Барселона, а овој фудбалер во кариерата има освоено вкупно 23 трофеи, меѓу нив и пехари од светски и европски првенства со шпанската репрезентација.

Се вчитува...