Вардар продолжува со засилувањата за новата сезона во која „црвено-црните“ ги очекува не само одбрана на титулата на домашната сцена, туку и атак на што подобар резултат во европските натпреварувања.
Португалецот Мигел Пиреш е ново име во таборот на „вардарци“ откако денеска беше потпишан договор меѓу шампионот на Македонија и овој доскорешен фудбалер на Силекс.
Токму одличните партии за кратовци беа препорака за Вардар, Пиреш сезонава постигна 11 погодоци и седум асистенции, привлекувајќи го вниманието на челниците на Вардар кои успешно ги финишираа преговорите и го доведоа овој фудбалер во „црвено-црното семејство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
