Официјално: Погба се врати во Јувентус

Она што се најавуваше со месеци наназад, денес е и официјално – Пол Погба по шест години пауза повторно е член на Јувентус.

„Старата дама“ во 2016 година го продаде францускиот плејмејкер на Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра, за Погба летово како слободен игра, без никаква отштета да се врати меѓу „црно-белите“ од Торино.

„Пол се врати во Торино, си замина како момче, се враќа како маж и шампион. Сепак, една работа не е променета – неговата желба да испишува нови страници во нашата заедничка историја. Не можеме да бидеме посреќни – Погба повторно е со нас“, објави Јувентус.

Французинот потпиша четиригодишен договор за плата од осум милиони евра.

Се вчитува...