ОФИЦИЈАЛНО: Поради снежната бура одложен мечот Аталанта – Вилјареал

Натпреварот меѓу Аталанта и Вилјареал нема да го има својот крај вечерва, поради снежната бура која го зафати италијанскиот град Бергамо. По неколку одложувања на стартот на мечот и по инспекцијата на теренот од УЕФА одлучија натпреварот кој директно ќе одлучува за место во осминафиналето во елитното натпреварување да се одигра утре.

Од Европската куќа на фудбалот известуваат само дека натпреаварот е одложен за утре, а точниот термин ќе се знае во текот на утрешниот ден.

За потсетување домаќините доколку сакаат да се пласираат во нок-аут фазата ќе мора да триумфираат на натпреварот.

 

Се вчитува...