Официјално: Познат АТП распоредот за првите седум недели во новата сезона

Светската тениска асоцијација АТП го објави распоредот за првите седум недели во 2021 година. Поради пандемијата од коронавирусот календарот доби големи измени во однос на минатата сезона. Австралиската сезона е поместена, турнирот во Аделаид преместен, а во Оукленд откажан.

Две натпреварувања се закажани во периодот од 31. јануари до 6. февруари, а ќе се играат во Мелбурн. Тоа што е најважно е Австралија опен официјално преместен за три седмици и ќе се игра во периодот од 8. до 21. февруари. Квалификациите ќе бидат одржани во Доха од 10. до 13. јануари.

Исто така дојде и до пресвртница кога е во прашање АТП купот. Иако беше најавено дека потполно ќе биде откажан, тоа нема да се случи. Наместо од 3. до 12. јануари, тој ќе се игра во периодот од 1. до 5. февруари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ATP Tour (@atptour)

Се вчитува...