ОФИЦИЈАЛНО: ППД Загреб на местото на Вардар на Ф4 во СЕХА

Раководството на СЕХА лигата потврди дека Вардар нема да учествува на завршниот турнир во Задар. Причината за ова е позитивен случај на Ковид-19 во редовите на македонскиот шампион.

Одборот на регионалното друштво по состанокот кој го имаше денеска донесе одлука да го исклучи Вардар од натпреварувањето, а на негово место да влезе хрватскиот шампион ППД Загреб кој вчера беше елиминиран од „црвено-црните“ во четвртфиналето.

Полуфиналните средби се закажани за во петок, Мешков Брест игра против ППД Загреб, додека Веспрем со Мотор Запорожје.

Се вчитува...