Пропадна трансферот на Ндомбеле во ПСЖ

Фудбалерот на Тотенхем, Танги Ндонмбеле беше пред преселба во редовите на ПСЖ, но трансферот сега и официјално пропадна.

„Телефут“ објавува дека францускиот гигант не успеал да ослободи место во ростерот за да го доведе Ндомбеле. Клубот бил во преговори за заминување на неколку играчи, но здеклите не се реализиралњ, па поради тоа екс-фудбалерот на Лион ќе остане во Лондон.

Повремениот француски репрезентативец е најскапото засилување во историјата на Тотeнхем, кој дојде од Лион за 62 милиони евра, плус 10 милиони во бонуси во летото 2019 година.

Се вчитува...