Официјално: Пропадна трансферот на Зијеш во ПСЖ

Хаким Зијеш и дефинитивно ќе остане во Челси до крајот на оваа сезона откако преселбата во таборот на ПСЖ пропадна поради задоцнетото комплетирање на документацијата што требаше да го официјализира трансферот.

Челниците на ПСЖ беа бесни на слабата комуникација меѓу раководството на Челси и претставниците на француската лига која требаше да го верификува договорот, се жалеше дека лондонскиот клуб три пати испаќак погрешни документи, за на крајот да испрати и официјална жалба до Фудбалската Федерација за да добие специјална дозвола за трансферот да биде реализиран, бидејќи роковите биле пробиени не по нивна вина.

Комисијата расправаше по оваа жалба во 10.30 часот утрово, а откако беа слушнати аргументите на „светците“, барањето на францускиот клуб беше одбиено со образложение дека „роковите се поставени однапред и важат исто за сите клубови“.

Се вчитува...