Официјално: ПСЖ му посака добредојде на Дембеле во новиот дом (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле од денеска и официјално е нов фудбалер на ПСЖ, потврди актуелниот француски шампион. Во својата татковина Дембеле се враќа од редовите на Барселона каде помина пет сезони.

Трансферот на Дембеле го чини ПСЖ 50.4 милиони евра и тој ќе остане во клубот до 2о28 година.

„Пресреќен сум што го засилувам ПСЖ. Едвај чекам да играм за мојот нов клуб. Се надевам дека ќе продолжам да напредувам тука и ќе ги направам навивачите на клуб горди“, изјави Дембеле.

Се вчитува...