ОФИЦИЈАЛНО: Ренова се откажа од ПМФЛ

По целата сага која што траеше цело лето, Ренова официјално ја известила Фудбалската федерација на Македонија дека нема да настапи во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Ова официјално доаѓа откако во текот на денешниот ден, од канцеларијата на Ренова било испратено писмо до Фудбалската федерација на Македонија, во кое стои дека ФК Ренова нема да настапува во ПМФЛ во сезоната 2022/23.

Тоа значи дека годинава домашниот шампионат ќе брои 11 екипи, а во секое коло по еден од клубовите ќе биде слободен. Во првото коло кое на програмата е на 7. август слободна ќе биде Македонија Ѓорче Петров која требаше да ги пречека „гипсарите“ во премиерната рунда.

Се вчитува...