ОФИЦИЈАЛНО: Салихамиџиќ и Кан добија отказ, Кристијан Дрисен е нов директор на Баерн!

И официјално веднаш по освојување на титулата во германската Бундеслига, Баерн Минхен соопшти дека се разделува со директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Баерн Минхен дојде до 11-та титула по ред на драматичен начин, благодарение само на киксот на Борусија Дортмунд на домашен терен, но сето тоа не ги спаси Кан и Салихамиџиќ.

„Оливер Кан повеќе не е извршен директор на Баерн Минхен. Исто така и позицијата спортски директор на Хасан Салихамиџиќ ќе биде пополнета со друго име. Оваа одлука е донесена од бордот на клубот. Јан Кристијан Дрисен ќе ја преземе позицијата на Оливер Кан. Наследникот на Хасан Салихамиџиќ ќе биде наското именуван“ – се вели во соопштението на Баерн Минхен.

Оливер Кан денеска воопшто не беше на мечот во Келн, каде пак беше Хасан Салихамиџиќ кој заедно со играчите и стручниот штаб го славеше големиот успех на тимот.

Отказот за Кан и Салихамиџиќ е поради нивната одлука да го отпуштат Нагелсман, а на негово место да го назначат Томас Тухел. Клубот не е задоволен со таа одлука која за малку ќе го чинеше Баерн и титула во Бундеслигата.

Се вчитува...