Официјално: СЕХА-лигата се прошири до Кина!

СЕХА-лигата за наредната сезона ќе се прошири до далечната Кина, откако раководството на регионалното натпреварување реши да му даде шанса на тимот на „Пекинг Спорт Универзитет“ да биде дел од СЕХА-семејството.

„Деветтата сезона од СЕХА-лигата ќе донесе бројни новости, една од нив е и вклучувањето на кинескиот тим Пекинг Спорт Универзитет, што ќе означи нова ера во ракометот во нашиот регион. Наша цел е да ги шириме хоризонтите, да освојуваме нови пазари, со овој потег и надвор од границите на Европа“ – изјави првиот човек на СЕХА, Михајло Михајловски.

Македонија вообичаено ќе има два претставници во ова натпреварување, и тоа шампионот Вардар и второпласираната екипа во домашниот плеј-оф, најверојатно Еурофарм Работник.

Се вчитува...