ОФИЦИЈАЛНО: Сер Боби нов селектор на Македонија

Благоја Милевски од денеска и официјално е нов селектор на македонската фудбалска репрезентација откако ја доби довербата од „Куќата на фудбалот“, а ќе почне со извршување на оваа функција од 1. август. Милески е творецот на златната македонска фудбалска генерација, онаа која не однесе до историското прво репрезентативно учество на едно европско првенство во Полска – 2017 година, и истата таа која беше темел и на сениорски состав на ЕВРО 2020.

„Сер Боби“ – личноста за кого повеќе од познати се речиси 80% од актуелните репрезентативци кои минаа низ неговите раце, како Елмас, Барди, Николов, Велковски, Муслиу, Бејтулаи, Шишковски, Јанков, Аврамовски, Чурлинов, Милан Ристовски…, единствен, се чини, кој може да го продолжи европскиот пат на оваа генерација па сосема е јасен изборот на Фудбалската федерација на Македонија.

Педесетгодишниот стратег речиси целата своја тренерска кариера ја помина во Македонија која започна во 2011 година кога како асистент седна на клупата на Вардар, а во 2012 година и го превзема клубот. Милески ги предводеше „црвено-црните“ до сезоната 2013-14, а од 2014 година ја превзема младинската репрезентација на Македонија која покрај кусото преминување на интернационалната сцена во Ашдод во 2018 година ја предводеше и до ден денеска.

„Сер Боби“ дебито на клупата на сениорската репрезентација на Македонија ќе го има на 2. септемви во Скопје кога „црвено-жолтите“ ќе ја пречекаат Ерменија во Квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Се вчитува...